Лука 9:16-22 MNT

16 Исус ги зеде петте леба и двете риби, и со поглед кон небото ги благослови и ги раскрши. Потоа им подаде на учениците да им ги разделат на луѓето.

17 Сите јадеа и се наситија, а собраа и дванаесет кошници остатоци.

18 Еднаш, кога Исус се молеше на тивко место, со Него беа само Неговите ученици. Тогаш Тој ги праша: „За Кого Ме сметаат луѓето?“

19 Тие Му одговорија: „Едни велат дека си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека си еден од старите пророци кој воскреснал од мртвите.“

20 „А за Кого Ме сметате вие?“ Петар одговори: „Ти Си Месијата испратен од Бог!“

21 Тогаш Исус строго им заповеда да не го кажуваат ова никому.

22 Им го рече уште и тоа, дека Тој, Синот Човечки, мора многу да страда, отфрлен од старешините, од високото свештенство и од вероучителите; дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне на третиот ден.