2 Потоа ги испрати да проповедаат за Божјото царство и да исцелуваат болни,
3 давајќи им ги следниве упатства: „Ништо не понесувајте на пат: ни стап, ни торба, ни леб, ни пари, ниту облека за пресоблекување!
4 Кога ќе дојдете во некоја куќа каде што ќе ви укажат гостоприемство, останете таму сe додека не си заминете од тој крај.
5 Онаму каде што нема да ве примат, напуштете го тој град и истресете го правот од своите нозе, како сведоштво против нив.“
6 Учениците заминаа и обиколувајќи ги селата ја проповедаа Радосната вест и исцелуваа болни насекаде.
7 Кога слушна за сето ова Ирод, гувернерот на областа Галилеја, се вознемири, зашто едни тврдеа дека Јован Крстител воскреснал од мртвите,
8 други, пак, дека се појавил пророкот Илија, а трети дека воскреснал некој од старите пророци.