20 „А за Кого Ме сметате вие?“ Петар одговори: „Ти Си Месијата испратен од Бог!“
21 Тогаш Исус строго им заповеда да не го кажуваат ова никому.
22 Им го рече уште и тоа, дека Тој, Синот Човечки, мора многу да страда, отфрлен од старешините, од високото свештенство и од вероучителите; дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне на третиот ден.
23 Потоа Исус им се обрати на сите: „Тој што сака да биде Мој следбеник, треба да се откаже од своите себични амбиции, секојдневно да го носи својот крст и да тргне по Моите стапки.
24 Секој што сака да си го чува животот само за себе - ќе го загуби; а тој што ќе го загуби животот заради Мене - ќе го спаси.
25 Дали е добивка за човекот ако го добие и целиот свет, а себеси се изгуби и упропасти?
26 Ако некој се срами од Мене и Моето учење, и Јас, Синот Човечки, ќе се срамам од него кога ќе дојдам во Својата слава и во славата на небесниот Татко и на светите ангели.