35 а од облакот се чу глас, кој рече: „Ова е Мојот Син, Избраникот Мој; Него слушајте Го!“
36 Кога се чу гласот, Исус веќе беше останал Сам. Учениците молчеа за ова и во тоа време никому не му кажуваа за тоа што го беа виделе.
37 Утредента додека Исус и тројцата Негови ученици слегуваа од планината ги пресретна многуброен народ.
38 Еден човек извика од толпата: „Учителе! Те молам, погледни го мојот син, тој ми е единец!
39 Го напаѓа зол дух, го тера да вреска, го фрла наваму-натаму и пена му избива на устата. Многу го измачува и долго не го пушта.
40 Ги молев Твоите ученици да го истераат тој дух, но тие не можеа!“
41 Исус одговори: „Ах, колку неверно и грешно поколение сте вие! До кога ќе морам да останам со вас и да ве поднесувам!?“ Потоа му рече на човекот: „Донеси го синот овде!“