47 Исус, познавајќи ги нивните мисли, повика едно дете, го стави крај Себе,
48 и им рече: „Тој што го прима ова дете во Мое име - Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме испрати. Најголем меѓу сите вас е оној што е најпонизен!“
49 Тогаш Јован Му рече на Исус: „Господару! Видовме еден човек, кој во Твое име изгонува демонски духови и му наредивме да престане, зашто тој не оди со нас.“
50 Но Исус му одговори: „Немојте да му забранувате! Кој не е против вас, тој е со вас!“
51 Кога наближи времето да биде вознесен на небото, Исус решително тргна кон Ерусалим.
52 Испрати гласници пред Себе, кои отидоа во едно самариско село, за да Му приготват преноќевалиште,
53 но тие не сакаа да Го примат, зашто Тој одеше за Ерусалим.