58 А Исус му одговори: „Лисиците си имаат дувла, птиците гнезда, но Јас, Синот Човечки, немам Свое место за почивање.“
59 А на еден друг човек, Исус му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“ Но човекот рече: „Господе, дозволи ми најпрво да одам да го погребам татко ми.“
60 Исус му одговори: „Остави ги духовно мртвите да ги погребуваат своите мртовци. Ти тргни да проповедаш за Божјото царство!“
61 И трет човек Му се обрати на Исус: „Ќе тргнам со Тебе, Господе, но дозволи ми најпрво да отидам и да се збогувам со моето семејство!“
62 Исус му рече: „Божјото царство нема полза од човек кој ја става раката на ралото, а гледа назад!“