1 Петар 1:7-13 MK2006D

7 та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за по­фалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос,

8 Кого Го сакате, иако не сте Го ви­де­ле, и во Кого верувајќи сега, а не гледај­ќи Го, се радувате со неискажлива и славна радост,

9 примајќи ја крајната цел на вашата вера – спасението на душите.

10 Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата бла­годат.

11 Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов од­напред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив;

12 ним им беше откриено дека тие не за самите себе служат, туку за вас со она што ви се јави сега вам преку оние кои го проповедаа Евангелието од не­бо­то преку Светиот Дух, и во кое копнеат да ѕирнат ангелите.

13 Поради тоа, возљубени, препашете ги колковите на умот свој, бидете бодри и имајте селосна надеж дека ќе ви се принесе благодатта при јавувањето на Исус Христос.