1 А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор,
2 кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот.
3 Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки,
4 туку – внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога.
5 Зашто така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои,
6 како што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо.
7 Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.