13 И кој ќе ви направи зло, ако правите добро?
14 Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се;
15 туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за одговор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж.
16 Имајте чиста совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.
17 Зашто, ако ѝ е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо,
18 бидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, умре по тело, но оживеа со духот.
19 Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор,