1 Петар 3:14-20 MK2006D

14 Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се;

15 туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за од­говор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж.

16 Имајте чиста совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.

17 Зашто, ако ѝ е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо,

18 бидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вис­тина, умре по тело, но оживеа со духот.

19 Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор,

20 кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги оче­ку­ваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија од водата.