15 туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за одговор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж.
16 Имајте чиста совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.
17 Зашто, ако ѝ е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо,
18 бидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, умре по тело, но оживеа со духот.
19 Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор,
20 кои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги очекуваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, односно осум души се спасија од водата.
21 Образецот на таа вода – крштевањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога добра совест – нѐ спасува сега и нас преку воскресението на Исус Христос,