1 Петар 3:7-13 MK2006D

7 Така и вие, мажите, живејте со своите жени во разбирање и почитувај­те ги како послабо суштество и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молит­ви­те ваши.

8 А најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни;

9 не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувај­те, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов.

10 „Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази ја­зи­кот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги.

11 Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него –

12 бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“

13 И кој ќе ви направи зло, ако правите добро?