9 не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов.
10 „Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази јазикот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги.
11 Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него –
12 бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови – кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“
13 И кој ќе ви направи зло, ако правите добро?
14 Но, ако и страдате за правда, блажени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се;
15 туку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за одговор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж.