1 Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пострада со телото, тој прекинал со гревот,
2 та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.
3 Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вршење волјата на незнабошците, живеејќи во нечистотија, во похоти, во пијанство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство.
4 Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.
5 Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мртвите.