13 Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.
14 А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате.
15 Никој, пак, од вас да не страда како убиес, или крадец, или злосторник, ниту како оној што се меша во туѓи работи;
16 но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество.
17 Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?
18 И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожниците и грешниците!?
19 И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.