15 Никој, пак, од вас да не страда како убиес, или крадец, или злосторник, ниту како оној што се меша во туѓи работи;
16 но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество.
17 Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?
18 И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожниците и грешниците!?
19 И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.