4 Затоа тие и се чудат што не се дружите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.
5 Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мртвите.
6 Зашто и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.
7 Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите.
8 А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови“.
9 Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.
10 Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат.