5 Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мртвите.
6 Зашто и на мртвите им беше проповедано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.
7 Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите.
8 А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови“.
9 Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.
10 Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат.
11 Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој служи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и владеење се вечни. Амин.