2 до Тимотеј, возљубеното чедо. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Христос Исус, нашиот Господ!
3 Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, додека постојано те споменувам во молитвите свои дење и ноќе;
4 сеќавајќи се за твоите солзи, копнеам да те видам, за да се исполнам со радост,
5 спомнувајќи си за нелицемерната вера кај тебе, која најпрвин се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а убеден сум дека ја има и во тебе.
6 Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.
7 Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност.
8 И така, не срамувај се од сведочењето за нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бога,