1 Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња.
2 Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивси, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници,
3 непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,
4 предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви,
5 на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!
6 Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,
7 жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.
8 Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.
9 Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.
10 Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,
11 на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.
12 А и сите, што сакаат да живеат побожно во Христос Исус ќе бидат гонети.
13 А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.
14 Но ти остани во тоа што си го научил и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,
15 бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.
16 Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност,
17 за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.