2 Тимотеј 2 MK2006D

Поднесувај ги страдањата како добар војник

1 Чедо мое, зајакнувај во благодатта што ти е дадена од Христос Исус,

2 и сѐ што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе кои се способни и други да научат.

3 Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.

4 Зашто никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојднев­ниот живот, за да му угоди на својот војсководач.

5 А, ако пак, некој се натпреварува, нема да добие венец доколку не се бо­рел според правилата.

6 Земјоделецот што се труди прв треба да вкуси од плодот.

7 Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!

Спомни си за воскреснатиот Исус

8 Спомнувај си Го Господ Исус Хрис­тос од Давидовото семе, Кој вос­кресна од мртвите, според моето Еван­гелие,

9 поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.

10 Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.

11 Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.

12 Ако истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.

13 Ако не сме верни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себе не може да се од­рече.

Распространувај го правилно Словото на вистината

14 Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, заш­то препирките ништо не помагаат, а са­мо им штетат на оние што слушаат.

15 Погрижи се пред Бога да се дока­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.

16 А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.

17 И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,

18 кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збид­на­ло, и со тоа им попречуваат во верата на некои.

Основата поставена од Бога

19 Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“

20 Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.

21 И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.

Слуга на Господа

22 Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!

23 Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!

24 А слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да под­не­сува зло,

25 со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината,

26 и да се ослободат од мрежата на ѓа­волот кој ги уловил живи за да ја ис­пол­нуваат неговата волја.

поглавја

1 2 3 4