2 Тимотеј 1:4-10 MK2006D

4 сеќавајќи се за твоите солзи, копне­ам да те видам, за да се исполнам со ра­дост,

5 спомнувајќи си за нелицемерната ве­ра кај тебе, која најпрвин се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Ев­ника, а убеден сум дека ја има и во тебе.

6 Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.

7 Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност.

8 И така, не срамувај се од сведо­че­ње­то за нашиот Господ Исус Христос, ни­ту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бога,

9 Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња,

10 а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието,