8 И така, не срамувај се од сведочењето за нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бога,
9 Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња,
10 а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието,
11 за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците.
12 Затоа и го трпам тоа; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен мојот залог да го запази за оној ден.
13 Имај ги, како пример, здравите зборови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христос Исус!
14 Запази го добриот залог преку Светиот Дух, Кој живее во нас!