2 Тимотеј 2:15-21 MK2006D

15 Погрижи се пред Бога да се дока­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.

16 А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.

17 И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,

18 кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збид­на­ло, и со тоа им попречуваат во верата на некои.

19 Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“

20 Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.

21 И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.