20 Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.
21 И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, приспособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.
22 Одбегнувај ги, исто така, и младешките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!
23 Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!
24 А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да поднесува зло,
25 со кротост да ги превоспитува противниците за да би можел Бог да им даде покајание, за да ја познаат вистината,
26 и да се ослободат од мрежата на ѓаволот кој ги уловил живи за да ја исполнуваат неговата волја.