6 Земјоделецот што се труди прв треба да вкуси од плодот.
7 Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!
8 Спомнувај си Го Господ Исус Христос од Давидовото семе, Кој воскресна од мртвите, според моето Евангелие,
9 поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.
10 Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.
11 Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.
12 Ако истраеме, со Него и ќе царуваме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.