1 Јаков, слуга на Бога и на Господа Исуса Христа, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени.
2 Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија,
3 знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост:
4 трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
5 Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде.
6 Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура;