Јаков 5 MK2006D

Предупредување до богатите

1 Ајде сега вие, богати, плачете и ли­пајте за страшните маки што идат на вас.

2 Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа.

3 Златото ваше и среброто ви за ‘рѓаа, и ‘рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган! Сте насобрале богатство за пос­ледните дни.

4 Ете, платата што сте ја задржале од работниците, кои работеле на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ Саваот.

5 Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги згоивте срцата ваши како за ден на клање.

6 Го осудивте, Го убивте праведникот; и тој не се спротивставуваше.

Трпение и молитва

7 Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.

8 Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи.

9 Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Суди­јата стои пред вратата.

10 Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово.

11 Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.

12 А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд!

13 А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фали Господа!

14 Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика презвитерите црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово.

15 И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и грево­ви, ако направил, ќе му се простат.

16 Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.

17 Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.

18 И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод.

Поврати ги отклонетите

19 Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го пов­ра­ти,

20 тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една ду­ша од смрт и ќе покрие многу грево­ви. Амин

поглавја

1 2 3 4 5