Јаков 4 MK2006D

Против неслогата

1 Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?

2 Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите.

3 Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите по­хоти.

4 Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.

5 Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“

6 Но Тој дава поголема благодат; за­тоа е речено: „Бог се противи на горде­ли­вите, а на понизните им дава благодат.“

7 Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас.

8 Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!

9 Бидете нажалени и плачете и липај­те: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!

10 Понизете се пред Господ и ќе ве по­дигне!

Кој си ти да го судиш ближниот?

11 Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.

12 Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг?

Лоша самодоверба

13 Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тр­гуваме и ќе спечалиме“,

14 вие, кои не знаете што ќе стане ут­ре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па ис­чезнува.

15 Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“

16 А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла.

17 И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави.

поглавја

1 2 3 4 5