17 Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена.
18 Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да бидеме првина меѓу Неговите созданија.
19 И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев,
20 бидејќи човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда.
21 Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.
22 Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе.
23 Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало;