19 И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев,
20 бидејќи човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда.
21 Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.
22 Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе.
23 Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало;
24 ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил.
25 Но кој ќе се задлабочи во совршениот Закон на слободата и остане во него, тој, бидејќи не е заборавлив слушател, туку извршител кој дејствува, ќе биде блажен во своето дејствување.