Јаков 1:21-27 MK2006D

21 Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.

22 Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе.

23 Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало;

24 ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил.

25 Но кој ќе се задлабочи во совр­ше­ниот Закон на слободата и остане во не­го, тој, бидејќи не е заборавлив слу­шател, туку извршител кој дејствува, ќе биде блажен во своето дејствување.

26 Ако некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата побож­ност е суетна.

27 Чиста и непорочна вера пред Бога Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се па­зиш да останеш неосквернет од светот.