24 ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил.
25 Но кој ќе се задлабочи во совршениот Закон на слободата и остане во него, тој, бидејќи не е заборавлив слушател, туку извршител кој дејствува, ќе биде блажен во своето дејствување.
26 Ако некој од вас мисли дека е побожен, а не го зауздува јазикот свој, туку го мами срцето свое, неговата побожност е суетна.
27 Чиста и непорочна вера пред Бога Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се пазиш да останеш неосквернет од светот.