8 Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан.
9 Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја,
10 а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од трева;
11 зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.
12 Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.
13 Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува,
14 но секого го искушува неговата похота која го влече и мами.