10 Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ.
11 Зашто Оној, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот.
12 Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според законот на слободата.
13 Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот.
14 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?
15 Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат,
16 па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза?