12 Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според законот на слободата.
13 Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот.
14 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а дела нема? Може ли верата да го спаси?
15 Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат,
16 па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза?
17 И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
18 Но може некој да рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера.