16 па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза?
17 И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
18 Но може некој да рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера.
19 Ти веруваш дека Бог е еден: добро правиш; но и злите духови веруваат, а треперат.
20 Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва?
21 Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?
22 Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена?