21 Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?
22 Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена?
23 И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се нарече – пријател Божји.
24 Гледате ли дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера?
25 А така не се оправда ли со дела и блудницата Раав, откако ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат?
26 Зашто, како што е телото без дух мртво, така и верата без дела е мртва.