4 зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли?
5 Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат?
6 А вие го посрамивте сиромавиот! Не се ли богатите тие што ве мачат и ве влечат по судови?
7 Не го хулат ли тие вашето добро име, со кое сте се нарекле?
8 Ако, пак, го извршувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како самиот себе“ – добро правите.
9 Но, ако сте пристрасни, грев правите; и Законот ве осудува како престапници.
10 Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ.