10 Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.
11 А тече ли од еден ист извор слатка и горчлива вода?
12 Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Така, од еден ист извор не може да тече солена и слатка вода.
13 Кој е меѓу вас мудар и умен, нека ги покаже преку своето добро однесување делата свои во кротост и мудрост.
14 Но, ако во срцата свои имате горчлива завист и карање, не фалете се и не лажете против вистината:
15 тоа не е мудрост која доаѓа озгора, туку земна, душевна, бесовска;
16 зашто, каде што има завист и карање, таму има неслога и сѐ е лошо.