Јаков 3:3-9 MK2006D

3 Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.

4 Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака;

5 а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува;

6 и јазикот е оган, свет полн со неп­равда; јазикот се наоѓа во таква по­лож­ба меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.

7 Секаков вид ѕверови и птици, лазачи и риби, се скротува и се припитомува од човечкиот род,

8 а јазикот никој не може да го скро­ти: тој е немирно зло и полн со смрто­носен отров.

9 Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо.