1 Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?
2 Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите.
3 Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите похоти.
4 Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.
5 Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“
6 Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“