11 Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.
12 Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг?
13 Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме“,
14 вие, кои не знаете што ќе стане утре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па исчезнува.
15 Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“
16 А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла.
17 И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави.