4 Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.
5 Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“
6 Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
7 Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас.
8 Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!
9 Бидете нажалени и плачете и липајте: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!
10 Понизете се пред Господ и ќе ве подигне!