1 Ајде сега вие, богати, плачете и липајте за страшните маки што идат на вас.
2 Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа.
3 Златото ваше и среброто ви за ‘рѓаа, и ‘рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган! Сте насобрале богатство за последните дни.
4 Ете, платата што сте ја задржале од работниците, кои работеле на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господ Саваот.
5 Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги згоивте срцата ваши како за ден на клање.
6 Го осудивте, Го убивте праведникот; и тој не се спротивставуваше.