10 Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово.
11 Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.
12 А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд!
13 А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фали Господа!
14 Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика презвитерите црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово.
15 И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат.
16 Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.