Јаков 5:11-17 MK2006D

11 Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.

12 А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд!

13 А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фали Господа!

14 Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика презвитерите црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово.

15 И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и грево­ви, ако направил, ќе му се простат.

16 Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.

17 Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.