16 Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот.
17 Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.
18 И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод.
19 Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го поврати,
20 тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови. Амин