Јаков 5:7-13 MK2006D

7 Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господ! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.

8 Па трпете и вие, укрепете ги срцата свои, зашто доаѓањето на Господ се приближи.

9 Не оплакувајте се, браќа, еден на друг, та да не бидете осудени: ете, Суди­јата стои пред вратата.

10 Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово.

11 Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.

12 А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд!

13 А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фали Господа!