1 Јован 1 MKB

1 Она, што беше од почетокот, што го чувме, што го видовмесо своите очи, што го набљудувавме и што го опипаа нашите раце, за Словото на Животот -

2 и животот се јави, и ние Го видовме и сведочиме и ви навестуваме вечен живот, Кој беше со Таткото, и ни се јави нам -

3 она, што го видовме и чувме, тоа ви го навестуваме и вам, за да имате и вие заедништво со нас. А нашето заедништво е со Таткото и со Неговиот Син Исус Христос.

4 Ние ви го пишуваме ова, за да биде вашата радост полна.

5 И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина.

6 Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината.

7 Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нè очистува од секој грев.

8 Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас.

9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.

10 Ако речеме дека не сме згрешиле Него Го правиме лажец, и Неговото слово не е во нас.

поглавја

1 2 3 4 5